Најголемата иницијатива за поддршка на јазикот се одржува во Баскија: Koрика

  • На 19 март, жителите на Баскија ќе започнат масовна иницијатива каде што секоe место од светот ќе придонесе за својот сопствен јазик. Во неа ќе учествуваат стотици илјади луѓе, кои ќе ја предаваат од рака на рака, непрекинато, штафетата која го симболизира сопствениот јазик. Во текот на десет ноќи односно единаесет дена, на прославата која ќе трае 210 часови, ќе се трчаат околу 2.300 километри, собирајќи ги жителите од баскиските села и градови на едно место. Баскија се наоѓа во Европа, помеѓу југот на Франција и северот на Шпанија.


2017ko apirilaren 04an - 12:01

Во следново видео можат да се видат слики од последните изданија на Корика:

 

 

Организаторите кријат тајна порака во штафетата и по минувањето низ рацете на илјадници луѓе, пораката се чита на свечениот чин на крајот на Корика. Се смета за чест носењето на дрвената штафета со симболот на Баскија; па така, асоцијации, инститиуции и индивидуалисти ,,купуваат” километри во полза на јазикот. Трката ја организираат познатите школи интегрирани во АЕК, асоцијација чија задача е учење на баскискиот јазик и описменување на возрасните. Оваа организација добива пари по пат на crowdfunding (доброволно финансирање од страна на граѓаните).

Баскискиот јазик беше на работ на исчезнување, а денес сè уште го говорат околу милион луѓе и според УНЕСКО, постои опасност да исчезне. Оваа опасност се забележува во некои области. На некои места е официјален јазик, но не и во поголемиот дел од регионот. Корика го поврзува целиот регион преку една празнична атмосфера. Жителите кои имаат активен став за поддршка на баскискиот јазик ja користат оваа можност иницијативата да се прошири низ нивните градови, села или населби со цел да се организираат активности во полза на јазикот и да ги изнесат своите барања на улиците.

Корика, исто како и нејзиниот организатор, АЕК, се појави како иницијатива на граѓанското општество и се слави на секои две години, а оваа година ќе се обележи 19-то издание. Поради големиот успех, некои заедници во кои се зборуваат малцинските јазици почнаа да организираат трки на сличен начин како на пример: Kаталонија, Ирска, Велс, Галиција и Аранската долина кои се залагаат за автохтон јазик.

Зошто ѝ е потребен баскискиот јазик на Корика?

Во скорешно минато баскискиот јазик трпи многу назадувања, особено во последните три века. Говорниците и говорничките биле предмет на исмејување, казнување, тепање и сл., бидејќи зборувале само на баскиски. Како што стојат работите, психолошкото страдање било пресудно, покрај другите политички фактори и играло одлучувачка улога за луѓето да го променат својот јазик. Политичките лингвисти од Шпанија и Франција непосредно биле против баскискиот, нешто со кое се сложувале и останатите лингвисти.

Прстенот е еден од најсуровите симболи на обесправувањето кое го трпело баскискиот јазик.

Говорењето на веќе споменатиот јазик бил забранет во училиштата, па кога професорот или професорката ќе слушнела дека некој зборува на тој јазик, му давала прстен на ученикот или ученичката со прашање, за потоа тој или таа да го направи истото со своите соученици. На учениците им било наложено меѓусебно да се издаваат и на крајот на неделата се казнувал, најчесто физички, оној кој го носел прстенот. Многумина го замразиле својот јазик и на крајот одлучиле да не им го пренесат на своите деца, со цел децата да не го трпат она што тие го трпеле. Сведоштвата собрани од цела Баскија сведочат дека користењето на прстенот било општоприфатено, особено во последните два века и дека и ден-денес постојат многу луѓе кои го доживеале тоа.

Bo Шпанија баскискиот јазик целосно се забранил за време на диктатурата која траела 40 години, била поставувана локална полиција која ги прислушувала луѓето на кој јазик зборуваат и ги казнувала. Скоро целосно бил повлечен баскискиот од јавниот живот, прикажувајќи го како јазик кој е застарен.

Во 50-тите и уште повеќе во 60-тите години, во Баскија почнале да се основаат школи во куќите кои работеле во тајност. Така почнала преродбата во корист на јазикот. Во текот на 70-тите години, со политичкиот режим во полн замав, илјадници луѓе биле описменети; за таа цел, баскофилското движење ги создало школите на АЕК. По завршувањето на диктатурата во Шпанија, во 1980, потребата за финансирање довело до тоа некои од фантазерите на векот да ја создадат Корика.

И покрај тоа што поминале 35 години од тогаш, баскискиот не е официјален јазик во поголемиот дел од регионите каде се говори. Во тие зони, бидејќи јавните школи не нудат можност за учење на баскиски, илјадници деца годишно мораат да поминат преку илјадници километри за да учат баскиски во некоја икастола (школа на баскиски) која се наоѓа далеко од нивното село. Во деловите каде што баскискиот е официјален јазик, и покрај тоа што се развила соработката со локалните институции, Владата на Шпанија, ги тужи општините кои работат на баскиски. И понатаму, во сеќавањето на Баскијците останало тоа како шпанската полиција во 2003 го укинала единствениот весник на баскиски, Егункарија, создаден од паричниот придонес на граѓаните. Во Франција единствениот официјален јазик е францускиот, и веќе биле поднесени тужби против икастолите кои поучувале на баскиски, како и тужба против една општина која минатиот јануари го прогласила баскискиот за официјален јазик.

,,Баскискиот јазик излезе на улиците, ајде сите на Корика!”

Некои експерти сметаат дека од 7.000 јазици што денес постојат во светот половината ќе исчезнат во текот на овие години. Во Баскија не престанува губењето на јазикот, а треба уште многу да се вложува за сè повторно да се нормализира.

Фразите како ,,Баскискиот јазик е нашата единствена слободна територија”, ,,Еден јазик не се губи поради тоа што тие што го познаваат не го учат, туку поради тоа што тие што го познаваат не го зборуваат” или ,,Колку е убаво да те слушам да зборуваш на баскиски” можат да се прочитаат на безброј куќи, маици, продавници и пазари во Баскија. Горди, како народ, што се иницијатори на оваа масовна активност, Корика, која што смета на поддршката на стотици волонтери, илјадници непознати жители кои енергично ќе продолжат да се борат за сопствениот јазик, за еманципација и за постоење во светот со сопствена гледна точка.

Белешка: Оригиналот на баскиски го напишал Ландер Арбелаиц од Аргија. Преведено на македонски од Александра Караицовска.

превод: Aleksandra Karaicovska


Kanal honetatik interesatuko zaizu: Korrika
2024-03-25 | Leire Artola Arin
Burbuilaren ostean badago zer erein

Irundik Baionara, ezin ezkutatuzkoa izan da 23. Korrikak eragindako harrotasuna. ‘Herri Harro’ leloak zentzua hartu duela ikusi dugu lekuko hartzaileen aurpegietan, eta atzetik euskararen alde oihuka aritu diren korrikalariengan. Bakoitzak bere gorputzetik eta bere... [+]


Inoizko Korrikarik ikusiena izan da

1.700.000 ikustaldi izan ditu EiTBren emanaldiak –Hamaika TBrenak gehitu behar zaizkio–. Pozik agertu dira AEKko arduradunak: “Inoizko Korrikarik erraldoi eta anbiziotsuena lortu dugu, herria harro egoteko modukoa”.


Ane Elordi: "Batasunaren Korrika izan da"

11 egunetan bizipen hunkigarri asko bizi dituela esan du Ane Elordik Euskadi Irratian. “Aje emozionala, bi urtetan egindako lana, kideak ondoan izanik, eskertza, babesa, Euskal Herri osoa Baionan elkartu da... Momentu oso bereziak bizi izan ditugu azken egunean”.


Eguneraketa berriak daude